Opis

Аштанга Винјаса Јога е активна јога, со однапред одреден систем на асани поврзани со винјаси, кои се изведуваат по истиот редослед, со цел јога праксата со текот на времето, со дисциплинирано и редовно вежбање да стане медитација во движење.

Аштанга винјаса јога е форма на класична индиска јога која следи низа од јога асани поделени на 4 нивоа. Јога практикантите почнуваат со основите на првата серија и прогресивно напредуваат кон секоја следна асана само од кога ќе ја совладаат претходната асана. Ова служи за да нѐ научи на трпение, истрајност и соочување директно со предизвикот пред нас.

Примарната серија или yoga chikitsa (јога терапија) е дизајнирана да создава топлина и да ги елиминира акумулираните токсини во телото. Со аштангата се развива флексибилност и цврстина на мускулите, се стимулира крвотокот, дистрибуцијата на кислородот во клетките, дренажата, се зајакнува парасимпатичниот нервен систем и се подобрува работата на ендокриниот систем. Методот Аштанга Јога се состои од три главни елементи: ujjai дишење, банди (мускулни и енергетски клучалки) и дришти – фокусиран поглед. Асаните се поврзани преку винјаса (свесно чекорење – еден здив, едно движење) кои служат да се поврзат во една целина асаните во таа однапред систематизирана низа, а со винјасите и уџаи дишењето се задржува топлината во телото, се загрева организмот и се прочистува преку зголемена циркулација и потење. Со редовна пракса освен придобивките на физичко ниво, целта е да се смири умот и да се достигне состојба на присутност на овде и сега – на часот, и вон часот.

За Марина прочитајте повеќе тука: https://ashtangayogaskopje.mk/%d0%bc%d0%b0%d1%80%d0%b8%d0%bd%d0%b0/