Opis

Проверено добриот тим на Јога Студио Лотос и ТА Ваикики, Ве кани на уште едно прекрасно дружење. Овој пат имаме повеќе денови да уживаме и да се дружиме на прекрасниот остров Евиа.
Лутра Едипсос е најпознатата и најстара бања во Грција, специфична по комбинацијата од термалните извори во море.
Се наоѓаат на островот Евиа, втор по големина остров во Грција.
Едипсос е село кое се наоѓа на северниот дел од островот и благодарение на одличната локација нема само бања со многубројни термални извори, туку и раскошна природа и морски брег. Во самото место има околу 80 термални извори, а температурата на водата изнесува од 30 – 80°С.
Лековитата вода од овие извори помага за многубројни здравствени проблеми, некои од нив се:
– ревматизам, артритис, ишијас, лумбаго и слични заболувања и тегоби;
– гинеколошки проблеми и пореметувања;
– стерилитет;
– нервна напнатост…
Тука може да се види и еден редок феномен: топлата вода од големи длабочини од карпите се слева во морето, правејќи го права оаза за брчкање.

За да можеме овие 7 дена ефикасно да си се дружиме и вежбаме, јога кампот ни е ограничен на 20 места.
Предвидени ни се 12 утрински и вечерни јога часови, релаксации, медитации и техники на дишење. Исто така и работилница за изработка на мандали на платно.

ЦЕНА: 245€ / 15.190ден

Плаќањето може да биде на рати.

Во цената е вклучено:
– сместување 7 ноќевања во хотел “Галини”;
– исхрана на база на полупансион (појадок шведска маса, вечера сет мени);
– превоз со автобус и траект;
– утрински и вечерни јога вежби со сертифициран јога инструктор;
– бесплатни чадори и лежалки на плажа;
– лиценциран туристички придружник за време на престојот;
– туристичка такса.

Во цената не е вклучено:
– патничко осигурување;
– факултативна посета и панорамско разгледување на Атина со локален водич;
– факултативна посета на островот Скијатос.

Инфо, пријава и резервација во инбокс и на тел:
078 30 30 73 – Даниела – Јога Лотос,
02 3063 630 – ТА Ваикики