Opis

Дојдете заедно да придонесеме за личен баланс на нашето тело, ум, срце и душа!
Ом Пеењето е групна духовна техника која може да биде посветена и некоја тема или група луѓе, на онои кои им треба помош и поддршка! Со ОМ помагаме и на себе и на другите!

Кои се придобивките од ОМ Пеењето?
-унапредување на севкупната благосостојба,
– трансформирање на енергијата,
– прочистување на околината (создадените вибрациски бранови се протегаат во радиус од 2 км.)

OM Пеењето е групна пракса која ја користи трансформативната моќ на ОМ за да го активира само-лекувачкиот потенцијал на учесниците.

Оваа пракса ја трансформира негативната во позитивна енергија, помага во прочистување на околината, истовремено помагајќи во физичката, емотивната и духовната благосостојба на учесниците.

“Кога пеете (повторувате) ОМ дозволете да вибрира од соларниот плексус. Целата моќ на создавањето и целиот универзум се присутни длабоко во нас. Дозволете да вибрирате ОМ со секоја клетка на вашето тело.” 🕉
Paramahamsa Sri Swami Vishwananda

Кои се придобивките од техниката ОМ пеење?

ПОДОБРУВАЊЕ НА ВКУПНАТА БЛАГОСОСТОЈБА
Оваа техника придонесува за внатрешен мир, ментална јаснотија, емоционална слобода и физичко здравје.
Многумина искусуваат позитивни промени кои им овоможуваат да уживаат во повеќе мир, задоволство и љубов во нивните животи.

ТРАНСФОРМИРАЊЕ НА НЕГАТИВНОСТА ВО ПОЗИТИВНА ЕНЕРГИЈА
Преку посебниот благослов, Ом пеењето генерира вибрациска фреквенција која ја ослободува негативноста, ја трансформира и им ја враќа на учесниците во позитивна енергија.

ПРОЧИСТУВАЊЕ НА ОКОЛИНАТА
Вибрациските бранови креираат кругови кои се прошируваат на радиус од 2 километри, креирајќи хармонична, мирна околина и единство меѓу луѓето и природата. ОМ продолжува да ресонира во телата на учесниците и после завршувањето, овозможувајќи им да ги споделат добрите вибрации каде и да се.

Препорачана донација е 100 денари.