Opis

Јога – Почетни групи

Традиционална и Аштанга Јога

Традиционална Јога
Програмата од оваа група е наменета за сите возрасти, особено за луѓе кои првпат се запознааваат со јогата.

Традиционалната јога делува на целокупното здравје кај човекот. Ја подобрува психо-физичката состојба и доведува до балансирање и нормализирање на:
– метаболизмот
– ендокриниот систем
– дигестивниот систем
– нервниот систем
– работата на срцето
– снабдувањето на мозокот со чиста и свежа крв при што се подобрува работата на мозокот, зголемена концентрација, ослободување од лесни главоболки, мигрена итн.

Со практикување на јога се ослободуваме од стресот, најмодерниот причинител за сите болести во денешницата и други психо-ментални состојби – анксиозност, депресија итн.

Доживуваме состојба на целосна опуштеност.

Со неколку зборови се случува усовршуање на физичкиот и психоменталниот план на човекот.

Часовите се одржуваат:
Понеделник и Среда од 20.00 – 21.30

Јога инструктори:
Лилјана Пленз – 071/342-385
Тања Мишковска – 070/286-689
Моника Т.-Атанасова – 078/420-296
Катарина Р. Зориќ – 077/708-511

Аштанга Јога
Аштанга јога е динамичен стил на практикување асани погоден за оние кои сакаат целосно размрдување на телото и зголемување на мускулната маса.
Притоа практикуваме соодветни техники на дишење кои овозможуваат секој клетка од телото да остане снабдена со кислород што е од клучна важност за неговата виталност.

Часовите се одржуваат:
Понеделник и Среда од 18.30 – 19.45

Јога инструктор Кузман

Пилатес
Пилатес е фитнес систем (со примеси на јога), создаден од Џозеф Пилатес во почетокот на 20-тите години во Германија. Тој претставува серија од контролирани движења, кои се изведуваат или на специјални справи (реформатор) или на подот. Методата Пилатес се фокусира врз подобрување на флексибилноста, силата и сознанието за вашето тело, без непотребно трупање на маса
За време на една сесија пилатес, треба постојано да се концентрирате длабоко на вашите централни мускули (стомакот, долниот дел на грбот, колковите, задникот и бутовите), на контракциите на мускулите, на дишењето и на квалитетот (а не квантитетот) на вашите движења.

Целта е да се координираат умот, телото и духот, нешто што Џ. Пилатес го нарекувал „контрологија“.

Часовите се одржуваат:
I – Понеделник – Среда – Петок 17.30 – 18.30
II – Вторник – Четврток – Сабота 18.45 – 19.45

Инструктор Ирис Пашалиќ
FB: https://www.facebook.com/iris.pashalich.9
Тел: 071/342-385

Студио за духовни дисциплини “Сурија”
FB page: https://www.facebook.com/suryamkd/
FB group: https://www.facebook.com/groups/302161936482353/
Тел: 071/342-385

Адреса: ул. Народни Херои бр.18, влез 1, кат 7, стан 50
Кисела Вода
Влезна шифра: 1256#
Поздрав ♥