Opis

Power Јога е активна и динамична јога, со повеќе акцент на асани за сила и издржливост, споени со винјаси и побрзо темпо во текот на часот.

Во основа на power yoga часовите се работи со истите методи на аштанга јогата: ujjai дишење, банди (мускулни и енергетски клучалки), но асаните се менуваат и не се подредени во иста низа како на аштанга јога часовите.

Power yoga е модерна јога, дизајнирана за оние кои повеќе се пронаоѓаат во стил на вежбање каде се бара поголем предизвик на физички план, со предност на фитнес и кардио вежби и асани за баланси на раце и инверзии.

Преку поголем физички напор и со фокус на дишењето, целта како и во секоја друга јога е да се смири умот и да се трансформира енергијата преку физички вежби.

Повеќе за Ана прочитајте тука: https://ashtangayogaskopje.mk/%d0%b0%d0%bd%d1%83%d1%88/